Скопје

Уапсен скопјанец, се карал па се заканувал со огнено оружје

Уапсен скопјанец, се карал па се заканувал со огнено оружје

Синоќа во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје.

Тој како што информира полицијата, околу 15.30 часот, по претходна расправија со С.С.(41) од Скопје и М.Н., им се заканил со огнено оружје.

Од пријавениот биле одземени воздушна пушка и дијаболи.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток