Бандо лоповска, ја приватизиравте, ја украдовте Македонија како шталата на татко ви да е, си ги обезбедивте правнуците до крајот на животот, вели Глигорова
Активистката Ана Глигорова, повторно „распали“ на Фејсбук.
„ Мафијашката спрега на доверители (големи фирми, банки, лихварски здруженија,..)со институциите на државата, нотарите , извршителите и медиумите, прилично вешто го кријат невидениот грабеж кон луѓето, кои живеат со трошките од плататa и пензијата плаќајќи виртуелни долгови (од 1000 ден на 10 000 ден) , застарени побарувања со астрономска камата. Додека сиромашните луѓе спaсот си го бараат како мијачи на садови по Јадранот, овде на родителите им се дере кожата. Ветија дека ќе ги изгласаат промените во Законот за облигациони односи, најмногу поврзани со каматата која не смее да го надмине долгот, но ЕТЕ ЧЕКАМЕ да изгласаат пред да одат на одмор, на први август. Тече времето, живците на луѓето се пред крај на издржливост.
Бандо лоповска, ја приватизиравте, ја украдовте Македонија како шталата на татко ви да е, си ги обезбедивте правнуците до крајот на животот! Докази има и за криминалната приватизација преку фамозната Агенција за санација на банки, а и за тешката злоупотеба на служвбена положба, антидатирање, фалсификување, штимање на пари, лихварење и рекет од страна на мафијашката спрега доверотели, судии, нотари и извршители кои ја спроведувате под мантрата – Наплаќаме долгови! Само заборавате дека наплаќате од ограбен народ кој е богами мнооогу бесен. Следува разврска, полека со докази“, напиша таа.