Коментари

Не праќајте приговори до суд, ќе ве чини 100 евра судски трошоци, вели Глигорова за новите законски измени

Активистката Ана Глигорова се огласи за новите законски измени.

„Извршителите ги пренасочуваат граѓаните кон судот, кажувајќи им и пишувајќи дека тие не можат да постапат по новите измени во ЗОО, а кои се однесуваат на застарување на побараувања (долгови). Луѓето, некои советувани од неупатени лица праќаат претставки во судот, еве подоле како ќе одговорат судиите. Судиите ќе одговорат во корист на доверител и извршител. Министерство за правда треба да се произнесе, вонсудска наплата е! Не праќајте приговори до суд, ќе ве чини 100 евра судски трошоци. Барање само кај извршител, препорачано по пошта. Судството има недоверба 98 проценти“, вели Глигорова.

На почеток