Коментари

„Постпородилната депресија е нешто на што малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество“, вели Лазаров по вчерашниот случај на ГАК

Докторот Ненад Лазаров, се огласи на Фејсбук по страотниот случај вчера, кога родилка се обиде да се самоубие, фрлајќи се од првиот кат од скопска Гинекологија.

„Психолошката состојба на родилките, првенствено постпородилната депресија е нешто на што исклучително малку или воопшто не му посветуваме внимание како здравство и како општество.

Не смее да се занемари и сопругот и неговата поддршка и учество во целиот процес, од самата бременост па се до раѓањето и пуерпериумот, кој има круцијална улога за менталното здравје на родилката, особено во првите денови по раѓањето.

Иако за среќа не е честа појава, постпарталната психоза оправдано се смета за здравствена итност, се случува 0.09 до 2.6 од 1000 раѓања а неретко резултира со обиди за суицид, доста често во позадина има претходна психичка состојба“, напиша тој.

На почеток