Актуелно

(ФОТО) Македонски дизајнер направи постер за девојчето со крофните од Нови Сад

Нина Нинковиќ го крена регионот на нозе, откако реши да продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко.

Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула создаде постер за малата Нина, а во разговор за „Блиц“ вели дека девојчето е херој на своето време.

– Редот формиран од нејзината тезга е знак дека малата Нина ја разбуди хуманоста кај луѓето. Јас обично илустрирам ситуации или ликови, хероини, така што Нина е една од хероините на ова време, кажа Кардула.

На почеток