Македонија

Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур. Тој пред Комитетот на министри на СЕ, ќе ги презентира досегашните активности во својство на Претседавач со ОБСЕ како и претстојните планови од програмата на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Османи ќе има средба и со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Тема на состанокот ќе биде заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилност и безбедност врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ.

Покрај со Пејчиновиќ-Буриќ, Османи ќе има средба и со Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

На почеток