Ако сте го купиле овој производ, не јадете го, се повлекува поради опасен пестицид

Од
Објавено на

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека е отповикан небезбеден производ, колачот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, поради присуство на хлорпирифос, опасен пестицид забранет за користење во Европската унија.
Од АХВ велат дека доколку граѓани го купиле производот од назначената серија, со рок на траење до 15 октомври годинава, да не го консумираат и да го вратат таму каде што го купиле.
Сериски број/лот: 15.10.2023
Рок на употреба: 15.10.2023
Производител: GECCHELE Italy
Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy
