Бајден: Важно е да се утврди како кокаинот влезе во Белата куќа
Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за истрагата за откривање на кокаин во Белата куќа.
Тој смета дека е „неверојатно важно“ да се утврди како супстанцијата стигнала таму. изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Претседателот мисли дека е неверојатно важно е да се истражи ситуацијата до крај“, рече Жан-Пјер, пренесува АП.
Ројтерс објави, цитирајќи неименуван извор, дека кокаинот бил пронајден во полица во влезната област на западното крило на Белата куќа, каде посетителите оставаат електронски уреди и други предмети пред да одат на турнеи.
Во моментот на откривањето на кокаинот, Бајден не бил во Белата куќа, но бил во Кемп Дејвид со членовите на неговото семејство за време на празничниот викенд на Денот на независноста.
Белата материја била пронајдена во неделата, по што била повикана противпожарната служба да ја тестира за да се увери дека не е опасна.
На првиот тест била позитивна на кокаин, што било потврдено и со секундарна сензитивна лабораториска анализа.