Лажна дојава за бомба во зградата каде што се наоѓаат Врховниот суд, Вишиот суд и Апелациониот суд во Подгорица
Од
Објавено на
Зградата во која се сместени Врховниот, Апелацискиот и Вишиот суд во Подгорица е евакуирана утринава откако била пријавена бомба.
Дојавата за бомба во зградата на Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица била лажна, а вработените се вратиле на работните места по контрадиверзантска проверка.
Дојавата била испратена на мејлот на Апелација, по што зградата била евакуирана, јавува РТЦГ.
Ова е трет пат годинава да има информации за наводно поставени бомби во судската палата.
Во април неколку институции и училишта добија закани за поставени експлозивни направи.