Магазин

Издадено предупредување: Зголемена концентрација на медузи во Јадранот

Поради зголемената концентрација на медузи во морето, на дубровничката плажа Данче е поставено црвено знаме.

– На плажата Данче е поставено црвено знаме поради зголемена концентрација на медузи во просторот за капење.

Во текот на утрото спасувачката екипа на Црвен крст Дубровник имала осум интервенции предизвикани од убоди од медуза.

Заради превенција, спасувачкиот тим ќе ги интензивира активностите за да ги предупреди капачите за новонастанатата состојба.

„На овој начин сакаме да го свртиме вниманието на потенцијалната опасност“, соопштија од Црвениот крст на Дубровник.

На почеток