Македонија

Осум години казна затвор за Рашковски

Првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби пет години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од пет години и шест месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Ирена Ивановска доби три години и шест месеци, а хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска добија по три години затвор. Казните ги изрече судечкиот совет, чиј претседател е судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Рашковски e oбвинет дека сторил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Дополнително, во текот на постапката му беше ставено на товар уште едно кривично дело – фалсификување исправа бидејќи презентира извод од банка со нецелосни податоци, а ги претставуваше како целосни.

На почеток