Ноа Миливојев (18) од Ковиље е пронајдена мртва во стан во центарот на Белград.
Убиецот го искасапил телото до непрепознатливост во неговиот стан. Веднаш бил уапсен и го признал делото.
Ноа Миливојев е трансродова личност. Според неофицијалните информации на порталот Нова.рс, во кофи и торби биле пронајдени делови од нејзиното тело.
За делото е уапсен и сослушан Д.О.(33) во рамките на истрагата за исчезнувањето на тиктокерката. Ноа се сметаше за исчезната од 17 јуни, кога последен пат се слушнала со родителите и им кажала дека ќе оди во Белград со своето момче.
Ноа имаше 14 000 следбеници на Тик-ток, а своето последно видео го објави непосредно пред да исчезне, пишуваат српските медиуми.
„Телеграф“ пишува дека Ноа била трансродова жена и дека била родена како Ѓорѓе.