Свет

„Слушнав вресок, па звуци на удирање“: хаос на лет од Љубљана, патничка нападна постара жена, авионот евакуиран

„Слушнав вресок, па звуци на удирање“: хаос на лет од Љубљана, патничка нападна постара жена, авионот евакуиран


Летот на релација Љубљана – Лондон на компанијата „Изиџет“ е откажан кога една од патничките нападнала друга патничка, која седела до неа, како и персоналот на летот.

Потоа авионот се вратил на терминалот, каде што полицијата ја привела патничката, сите други биле извадени од леталото за да бидат прегледани од медицински персонал, а авионот полетал кон Лондон празен, пренесува 24UR.

Полициската управа во Крањ потврди дека аеродромските полицајци биле известени за нарушување на јавниот ред и мир во еден од авионите во средата околу 11.40 часот.
Еден од патниците во авионот изјавил дека до инцидентот дошло кога патничка се наведнала над друга постара патничка и ја замолила да ги извади слушалките од ушите и да го нагоди телефонот за лет.
„Првин слушнав крик, а по неколку моменти и звуци на удари. Во расправијата потоа се вмешала стјуардесата, која се обидувала да ја смири патничката велејќи ѝ дека не трпи насилство. Насилната жена наводно ја зграпчила со ноктите и неа и ја гризнала. Друга стјуардеса потоа ги прашала патниците дали некој може да помогне да се смири насилничката жена“, изјавила патничката и додала дека на персоналот му помогнале пет мажи.
По тоа, пилотот наводно ги известил дека авионот нема да полета и дека работата ќе ја реши полицијата.
Очевидецот рекол и дека помладата Словенка била раздразлива и вербално навредувала уште пред да влезе во авионот.
На патниците во авионот им е обезбедено хотелско сместување и втор лет в четврток попладне.

На почеток