По серијата средби со пратеници Албанци и лидерите на политичките партии, Движењето против коцкање, се сретна и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со цел, како што велат од таму, да обезбедат поддршка и од самиот врв на албанските партии. Лидерите на партиите, ветија дека ќе ги поддржат барањата на Движењето против коцкање, со цел носење на што подобар закон за сите граѓани.
„Ќе се трудиме со партијата, колку што сме во можност, да ја поддржиме иницијативата, не само со зборови и јавни настапи, туку да успееме и да стане дел од законот. Нормално, обврзувајќи ги и државните институции да се позанимаваат со двата аспекти кои се важни за ова зло. Прво да се спречи да се дојде до ваква ситуација и второ, луѓето кои имаат проблеми со ваков вид зависност, како што е комарот и коцкањето, институциите кои се занимаваат со рехабилитација и ресоцијализација, да бидат што поактивни кон нив“, изјави Мендух Тачи, Претседател на ДПА.