Коментари

(ФОТО) „Колони за Охрид, ќе се намалит нивото на езерово од утре“

Топлото летно време ги натера скопјани, но и граѓаните од другите места во земјава, да поитаат кон една од нашите омилени домашни туристички дестинации, Охрид.

Тоа предизвика колони на влезот пред овој наш град уште од текот на вчерашните доцни попладневни часови, а на фејсбук страницата Охриѓани објавиле и фотографија, заедно со познатата охридска смисла за хумор.

„Колони за Охрид, ќе се намалит нивото на езерово од утре“, стои во коментарот на фејсбук страницата Охриѓани.

Фото: Фејсбук страница Охриѓани

На почеток