(Фото) Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски


По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.
Од пријавените 66 учесници најсреќен беше Јовица Јаневски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и видно возбуден и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува за прв пат.
Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, најсреќниот Јовица, традиционално доби поддршка од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Јаневски поддршка доби и од директорите на ЈКП „Водовод“ и ЈКП „Илинден“. Голема благодарност и до општествено одговорните компании кои учествуваа со свои подароци, ЗЕГИН и компанија „Атанасовски“.
