Свет

Уапсен човекот кој три пати бил најбараната личност во Америка

Уапсен човекот кој три пати бил најбараната личност во Америка


65-годишниот Доналд Сантини беше уапсен минатата недела во Јужна Калифорнија, откако помина 40 години во бегство. Во 1984 година, тој ја задавил Синтија Синди Рут Вуд, која тогаш имала 33 години во Брадентон, Флорида.

Сантини три пати беше најбараната личност во Америка, во 1990, 2005 и 2013 година и остана на таа листа се додека полицијата минатиот месец не го доби неговото барање за изработка на пасош.

Судијата во Тампа нареди да биде задржан без кауција бидејќи има ризик за бегство. Сантини и пишал на локалната новинска станица по неговото апсење.
„Причината поради која можев да бегам толку долго е животот полн со љубов и почит“, напиша меѓу другото.
„Работите не се како што изгледаат. Ми треба адвокат кој нема да се обиде да ме турка низ системот за да ме замолчи. Проблемот е што немам пари“, додаде тој.
Сантини живеел четириесет години под името Велман Симондс, недалеку од Сан Диего, во градот Кампо со 3.000 жители.
Живеел на село, во куќа каде што поставил камери за надзор и бодликава жица. Често се појавувал на јавни собири, а соседите го сметале за столб на заедницата. Сите останале вчудоневидени од веста за неговото апсење, како и од фактот дека Сантини има 65 години бидејќи се претставил како 80-годишник.
Во март 1990 година, тој се ожени и доби ќерка, која по апсењето беше убедена дека нејзиниот татко не може да го направи она за што беше обвинет.
„Ми недостигаш, тато. Биди силен“, му порача таа на социјалните мрежи.
Американските власти велат дека убиството на Синтија Вуд не било неговото единствено насилно злосторство.

На почеток