Македонија

Мерко најдобро е како слободен граѓанин да се соочи со обвинението, вели Лога

Министерот за правда Кренар Лога вели дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко мора да ја докаже својата невиност „како слободен граѓанин“, а не како функционер, по ставањето на „црната листа“ на САД.

Најмалку што може да направи е да сведочи од позиција на слободен граѓанин, вака министерот за правда Кренар Лога оценува дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, прогласен за „персона нон грата“ не треба да носи државни функции.

Лога во емисијата „SummerClick“ на ТВ21 рече дека само прекинот на партиските активности во ДУИ нема да значи ништо.

„Мислам дека дури и господинот Мерко и сите што ќе се најдат на оваа листа, добро е да размислат и да ги преземат врз себе политичките и институционалните последици и најмалку што треба да направат е да докажат дека се невини од позиција на слободен граѓанин“, рече Лога.

На почеток