Лога го „тапша“ Гаши и ги напаѓа Македонците: Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието
Ексминистерот за правда, Кренар Лога, не го осудува, туку го поддржува верскиот обред во Собранието, за кој, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кажаа дека е нарушување на секуларноста на државата. Лога контра сите, го споредува обредот со бистите од проектот „Скопје 2014“. Тој му оддаде и почит на собранискиот спикер Африм Гаши, иако доаѓаат од две различни партиски провиненции.
„Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници. Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од “Скопје 2014” без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа “Свети Апостол Павле II”. Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој. Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница“, напиша Лога.
И не е првпат откако Лога е во опозиција да настапува со националистички ставови, наместо правно да ги елаборира работите. Тој изминатиот период постојано во меѓуетничка конотација ги става сите чекори на Владата, како што се именувањата на директори, министри, функционери. Заедно со Села и нивната партија, бројат колку Албанци се вработени, а колку не – што пак, предизвикува тензии.
Инаку, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беа поради тоа што Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници.
Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата