Коментари

„Еве тоа е таа багра неписмена, кецорашчиња неписмени!“, Најчевска жестоко удри по „ВРЕДИ“ и Снопче

Професорката по право, Мирјана Најчевска го напрече пратеникот на коалицијата „Вреди“ Халил Снопче – „багра неписмена“.

,,Ахахаха. Еве тоа е таа багра неписмена.
Според нив во изборната кампања може што сакаш да си ветуваш и да застапуваш какви сакаш принципи ама кога ќе дојдеш на власт си тераш како ти е ќеиф.
Не бре кецарошчиња неписмени.
Треба да го оствариш тоа што си го понудил во изборната кампања. За тоа те гласале а не да си тераш нешто сосема друго.
Колку што се сеќавам вие се бусавте во гради со владеење на правото. Епа почитувањето на законите е прв чекор кон владеење на правото.
Нема друга реалност.”, вели Најчевска.

Претходно, Снопче упати критики кон ЗНАМ на Максим Димитриевски. Ова доаѓа откако ЗНАМ најави институционална борба против поставување на знамиња од други држави во кабинетите во Македонија.

To Top