(Видео) „Оваква катастрофа не памти здравството, ете тоа оставивте во наследство“


Доктор Ненад Лазаров посочува дека ваква катастрофа не памети здравството. Коментарот доаѓа откако се затворија салите на Клинички центар, а хаварија има во ГОБ „8 септември“.
„После клинички центар, денес поради хаварија од дождовите се затвораат хируршките сали и во ГОБ 8ми Септември. Последна линија на одбрана на пациентите останува да биде Градска хируршка Св.Наум Охридски. Господ нека им е на помош, среќа има кадарен директор ама не е магионичар. Оваква катастрофа не памти здравството, ете тоа оставивте во наследство“, напиша Лазаров.
Не може да се оперира во салите на третиот кат од болницата „8 септември“, а опремата се преместува на долните катови. Ова е епилогот од прокиснувањето на хируршкиот блок во болницата, по вчерашното невреме. Се спроведуваат итните и неодложни операции.
Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.
