Се намалува бројот на заболени од грип: избегнувајте да седите во простории со повеќе луѓе, проветрувајте и грејте дома


Оваа и претходната недела има намалување на заболени од грип. Но, ако бројките на заболени се споредат со истиот период од минатата година – тие се драстично зголемени. Во сезоната 2024-2025 година, вкупен број на случаи на грип е 14.340, во споредба со истиот период минатата година бројот бил 11.921. Ова значи дека бројот на пријавени случаи е за 20,3% повеќе. Досега, нема смртни случаи од грип и инфуенца.
„Бројката во овој период е значително повисока, од минатата година. Среќа, имаме втора недела по ред намалување“. 1.494 лица се од 15 до 64 години, 655 лица се деца од 5 до 14 години, 289 се лица од 65 години и 288 лица се деца од 0 до 4 години. Најмногу пријавени, 616 лица во Скопје, 286 лица во Битола, во Куманово 149, Струмица 202“, рече директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.
Директорката додаде да се следат препораките, а тоа значи да се избегнуваат простории каде има повеќе луѓе, да проветруваат, да затоплуваат, да мијат раце. За заболените, треба да остнаат дома, децата да не одат во училиште, да немаат контакт со здрави лица.
