Македонија

Собранискиот претседател да ја презеде функцијата шеф на државата, оти Силјановска не кажа „северна“, вели Лога

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, смета дека тоа што новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не кажала „северна“ при повторување на заклетвата туку се дала свечена изјава со Македонија, значи дека таа не е инагурирана за претседател.

„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска.

Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, вели Лога.

Остра реакција имаше и од ДУИ.

На почеток