Македонија

Во изводите нема да има националност – Лога ја изгуби битката

Нема да има графа „националност“ во изводите од матичните книги од родени и умрени. Уставниот суд одлучи дека одредбата е неуставна. Партијата „Левица“ го оспори ова од Законот за матична евиденција, што проба да го воведе Кренар Лога.

Неможноста за избор на граѓаните да се изјаснат или да не се изјаснат за националноста, навлегува во сферата на нивната приватност и личен живот, сметаат судиите. Според нив, тоа ќе донесе неможност да се изјаснуваат нивната национална припадност, што е спротивно на темелните вредности на Уставот. Изјаснувањето на националност не е должност на граѓанинот, туку незадолжителна можност.

Министерот Кренар Лога излезе со тврдење дека ова е целосно во согласност со законот од 1995-та, кој предвидува во Матичната книга на родените да се води податок за националноста на родителите. Не се согласи со мислењето на мнозинството уставни судии дека тој податок не треба да биде содржан и во изводот и најави ново Упатство со иста содржина. Конечниот став ќе го изнесе на утрешниот брифинг.

На почеток