Скали во Карпош виновни што Ванковска уште нема 10.000 потписи: Стасале, но стари и болни не можеле да се искачат
Билјана Ванковска, која се кандидира за претседал со 10.000 потписи како кандидат на Левица, кажа дека скалите во Карпош каде треба да се потпишат граѓаните, вратиле многумина кои сакале да ја поддржат.
„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош – стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка – тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, напиша Ванковска.
Ова не е прва поплака на Ванковска.
„Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че! Каква деградација на оние најнемоќните и најсиромашните е тоа, што не можам ни да ја замислам! Или би си заминала со дигната глава ама со чиста совест – такви потписи не ми требаат. Неодамна кај мене докторираше еден умен млад човек од ромската заедница на тема за политичката партиципација на Ромите. Тешко е сознанието дека тие се и натаму паричка за поткусурување. Имавме искуства на луѓе на штандовите кои прашуваа: што давате (за потпис)? Одговотот беше: ништо не даваме, вие се борите за себе, за надежта дека ќе ја смениме оваа беда и сиромаштија. За наша среќа преку 8000 луѓе ни пријдоа без и да прашаат нешто такво!“, пишува Ванковска.
Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура. Билјана Ванковска од Левица има собрано 7.876 поддржувачи и повикува граѓаните да излезат и да се потпишат. Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.
Борбата за потписи продолжува: Јакимовски и Ванковска најблиску до кандидатура