Македонија

Се одмрзнуваат цените од петок: Ако цените излегуваат од пазарната логика, ќе има соодветна реакција

Ако цените излегуваат од пазарната логика, ќе има соодветна реакција. Ова го кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија. Тој ги повика пратениците да го излгасаат Законот за нефер трговски практики.

„Секое неетичко однесување на секој трговец, ќе се казни на најсериозен начин. Ние сметаме дека конечно лекцијата е добиена. Во државата мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која соодејствува со пазарната економија. Треба да се вратиме во номралните техови на живеење. Бизнисмените треба соодветно да реагираат“, кажа Битиќи.

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики

На почеток