Македонија

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

На 28 мај, вторник ќр се одржи конститутивна седница на новиот парлсментарен состав.

Од собраниската прес-служба информираа:

– Претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.

Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.

На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина – СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, која како највозрасна пратеничка ќе раководи со седницата до изборот на новиот спикер. Ќе присуствува и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

На почеток