Милионерот Каевски нека ги замоли во партија на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот, вели опозицијата


„Каква какафонија се случува во СДС, сабајле градоначалникот од Центар, Горан Герасимовски, од редовите на СДС, согласен со останатите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои констатираа и беа едногласни дека во Скопје едвај ќе се справат со натрупаното ѓубре поради неработата на градската власт и ЈП Комунална хигиена, за сега Каевски да ги напаѓа општинските градоначалници, де факто вклучувајќи го во тоа и Герасимовски“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.
– Милионерот Каевски наместо да држи пресконференции на кој никој не му верува, нека ги замоли во партија, на следната средба со Данела да побараат од неа да го исчисти градот. Време за политика има, но нема време за главниот град да се дави во ѓубре и да биде потенцијален извор на зараза за граѓаните, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
