Шест милиони евра ќе наплаќа државата од фирмата што не ја изгради болницата во Штип
Нов тендер за изградба на болницата во Штип ќе се распише штом се направи пресек што од неа е реализирано до сега. Од Министерството за здравство посочуваат дека бараат да се активираат банкарските гаранции на фирмата „Интракт“, која не ја заврши изградбата иако потпиша договор.
„Поднесени се барања за активирање банкарски гаранции во износ од шест милиони евра и тие се реализирани. Рокот за изградба бил 30.6.2023, а досега се реализирани само 30 отсто“, велат од Министерството за здравство.
Во рок од 42 дена треба да се достави проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка.
За раскинувањето на договорот, министерот за здравство, Фатмир Меџити, откри во интервју за „Макфакс“ и зборуваше во детали.