Свет

(Видео) Огромен пожар во Осиек: црн чад во воздухот, пожарникарите се борат со огнот

(Видео) Огромен пожар во Осиек: црн чад во воздухот, пожарникарите се борат со огнот


Голем пожар попладнево избувна во Осиек, во градскиот кварт Југ 2. Пожарот избувна во улицата Јосипа Реихл Кира, а пожарникарите се уште се борат со пожарот.

Се запалиле ѓубре и трева во градинарскиот центар, дознава Осиек експрес, а пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила. На Фејсбук страницата на порталот Осиек њуз објавена е снимка од црн чад.

Засега нема информации за повредени.

На почеток