Скопје

Штрајкуваат дел од вработените во ЈСП, редуциран бројот на автобуси

Редуциран е број на автобуси на ЈСП низ Скопје поради штрајк на еден од синдикатите во јавното претпријатие.

Вчера членови на синдикалната организација Спајс најавија дека ќе протестираат утрово од 4.30 до 12.30 часот. Барањата на синдикатот поради кои се одлучиле за штрајк е усогласување на минималната плата со колективниот договор, неисплата на прекувремени часови ниту хранарина на работниците во ноќната смена.

За штрајкот Спајс нема подршка од другите синдикати во ЈСП, од каде велат дека ќе има автобуси на улиците во главниот град.

На почеток