Скопје

ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Чаир

Oваа работна недела заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Чаир.

„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (10-14. Јули) ќе заловува во општина Чаир и ќе ги посети следниве локации: бул. Цветан Димов, ул. Џон Кенеди, ул. Ферид Бајрам, ул. Дижонска, ул. Втора македонска бригада итн.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на in**@la***.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава“, се вели во соопштението.

На почеток