Свет

(Видео) Снег падна во Јоханесбург за прв пат од 2012 година

(Видео) Снег падна во Јоханесбург за прв пат од 2012 година


Вчера за прв пат по повеќе од десет години падна снег во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбург.

Последен пат жителите на Јоханесбург виделе снег во август 2012 година, а на социјалните мрежи го опишаа како чиста магија и прекрасен почеток на неделата.
Експертите велат дека снегот најверојатно нема да потрае и дека е предизвикан од зголемената влажност, ниските температури и студените ветрови, пишува Гардијан.

На почеток