Македонија

Исчезна малолетно девојче во прилепско

Петнаесет годишно девојче од селото Пешталево прилепско доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато.

Роднините на социјалните мрежи пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.

„Нема ни траг ни глас од неа, од вчера вечерта околу 19h полициска екипа е во потраг по Ана Марија Ѓореска последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз. Не е видена со што возило е тргната и каде доколку некој ја препознае и види ве молиме известете не. Девојчето е од село Пешталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, во последно време е многу затворена“, стои во објавата.

На почеток