Скопје

Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 денари поради непрописно одлагање на отпад, најави детали на прес конференција

Од Општина Кисела Вода, пристигна известување за прес-конференција која ќе се одржи денес на пладне, во врска со последните случувања поврзани со отпадот и информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода По тој повод, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција.

Инаку, Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во неделата вечерта, го истурија насобраниот отпад од двете општини пред Дрисла, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.

Засега нема информации дали казна заработил и Муцунски.

На почеток