Скопје

Иницијатива на СДСМ во Советот, сите јавни претпријатија да го чистат ѓубрето во Скопје, велат од партијата

За проблемот со ѓубрето кој го создаде неспособната локална власт на ДПМНЕ советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки, вели СДСМ.

„Една од мерките што на седницата во четврток ќе ги предложи СДСМ за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.

Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала.

Оваа мерка ќе овозможи ЈП “Комунална хигиена” брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос.

Очекуваме поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ.

Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, со своите градоначалници во Скопје се диркетно одговорни и тие го создадоа проблемот“, се вели во соопштението.

На почеток