Скопје

Делови од Скопје денеска без струја и вода

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08.45 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без вода поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. „АСНОМ“ од зграда бр. 110 до зграда бр. 180 во Општина Аеродром.

Од 09 часот вода ќе немаат и корисниците на потегот од Фонтана во Градски парк до Влада и објектите во дел од Градскиот парк.

На почеток