Македонија

(ФОТО) Забрана за камиони на планинскиот премин Ѓавато

Од 09.00 часот се воведува забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

На почеток