Македонија

Кривична пријава за пожарникарот кој физички нападна колега со тврд предмет

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот пожарникар од Велгошти, кој нападна и тешко повреди свој колега. Лицето се сомничи за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „загрозување на сигурноста“ и „насилство“.

Претходно, од страна на судот, на лицето му беше изречена мерка 30-дневен притвор, а му беше одредена и суспензија од работа на неодредено време.

Пријавениот, на 9-ти јануари, околу 10 часот во охридската Територијална противпожарна единица, со тврд предмет физички го нападна неговиот колега, по што избега. После тоа, пријавениот околу 10.30 часот се јавил во ТППЕ Охрид и упатил закани по животот на негов друг колега.

На почеток