Македонија

Пендиков тврди дека не можеле да го најдат напаѓачот за да го идентификува, а осомничениот известил дека не може да дојде оти е болен

Пендиков тврди дека не можеле да го најдат напаѓачот за да го идентификува, а осомничениот известил дека не може да дојде оти е болен

Натепаниот охриѓанец Христијан Пендиков, бил да изврши распознавање на вториот негов напаѓач кој е со потекло од Битола, но осомничениот не се појавил. Но, според Обвинителство, неточно е дека органите на прогонот не можеле да го најдат и дека е недостапен. Од Обвинителството за „Макфакс“ посочуваат дека осомничениот го оправдал отсуството со уредна медицинска белешка.

dobivaj vesti na viber

„Бев повикан на распознавање на вториот напаѓач, бев во полиција, само вториот уште не се појави, не множат да го најдат“, кажа Пендиков по денешното судење, одговарајќи на прашање од бугарски медиум.

Од охридското Обвинителство за „Макфакс“ посочуваат дека било организирано препознавање. Станува збор за стандардна процедура, каде помеѓу повеќе лица, Пендиков треба да препознае и посочи кое од нив го натепале. Оттаму додаваат дека не се известени дека лицето е недостапно за органите на прогонот.

“Точно е дека осомничениот не се јавил на едно организирано препознавање. Своето отсуство го оправдал со уредна медицинска белешка. ОЈО не е известено дека е недостапно на органите на прогонот. Против него де определени мерки на претпазливост- кој вклучуваат задолжително и јавување кај определен судски орган. Надзор над примената на овие мерки врши судот“, посочуваат од Обвинителство за „Макфакс“.

По денешното судење, кое се одложи, Пендиков се жалеше кај медиумите за закани, но, немаше одговор на прашањето дали пред тепачката имал нерасчистени сметки со обвинетиот Илија Спасески.

Битолчанецот, кого Пендиков треба да го препознае, е осомничен дека му нанел тешка телесна повреда. Нему му се определени мерки на претпазливост.

Макфакс

На почеток