Денеска во посета на земјава ќе бидат тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат – министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие.
Освен средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, предвидено е тројцата министри да бидат примени од претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се сретнат и со лидерот на опозицијата, а ќе имаат одвоени средби и со пратеници од опозицијата и од владеачката коалиција, велат од МНР.
Макфакс