Македонија

Тетовчани се отруја, Теута веројатно спие

Екстремно загадениот воздух во Тетово и оваа зима не ги алармираше властите да преземат сериозни мерки за намалување на штетните ПМ 10 честички во воздухот. Причините за аерозагадувањето се знаат, но тие како да не постојат за надлежните, пишува НЕЗАВИСЕН.

За сообраќајниот хаос ништо не се презема. Пробивањето на двата главни булевари во градот, со кои требаше да се растовари сообраќајот, не се одвива, иако ваквите градежни активности неколкупати беа најавувани од градските власти, проблемот со недостиг на паркинг-места сè уште не се решава, а тетовци сè уште се надеваат дека ќе профункционира јавниот градски превоз.

Најголемиот проблем според урбанистите се висококатниците, кои ја блокираат нормалната циркулација на воздухот, а и оваа зима масовно се градат, посебно во центарот. Граѓаните веќе и не очекуваат дека институциите ќе преземат нешто сериозно за намалување на аерозагадувањето. Тие велат дека им останува само да не излегуваат од дома кога е многу загадено.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток