Коментари

Јаким Неделков ја обвини Тренчевска дека лаже, откако таа се пофали дека речиси за 100 проценти ги покачиле платите во градинките

Синдикалниот лидер Јаким Неделков го демантира постот на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска дека платите на воспитувачките и негувателките во градинките се 36.000, односно 27.500 денари.

„Министерката Тренчевска барем да кажеше дека сегашните плати на воспитувачите и негователите ги кажува во бруто износ. Или ако се во нето, барем да ги кажеше вистинските износи. Или ако не беше сигурна, требаше да праша некого во градинката каде што беше, ќе и кажеа.

За волја на вистината, воспитувач со високо образование има 30.697, со вишо 28.317, а негувател 23.718 денари нето плата. На што се должи оваа лажна информација на министерката, може само да претпоставуваме или таа да ни објасни?!“, реагира претседателот на СОНК.

Претходно министерката Тренчевска објави статус колкави биле платите во градинките

„Да се знае колку беше платата во градинките во 2016 а колку е денес!
И да се знае во кое време се покачуваат платите
Воспитувач во детска градинка
2016 18.000 ден.
2023 36.000 ден. (100%покачување )
Неговател во детска градинка
2016 14.000 ден.
2023 27.500 ден. ( 96% покачување )
ПЛУС регрес за годишен одмор за 2023 во износ од 10 000 денари. Од 2024 регресот ќе биде најмалку 30% од висината на просечната плата“, стои во објавата.

На почеток