Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев верниот слуга на СДС и ДУИ го продаде македононскиот блок

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев верниот слуга на СДС и ДУИ го продаде македононскиот блок

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Димитар Апасиев тргнал во отворена кампања против нив, за повеќе гласови за СДС и ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Апасиев се бори ВМРО-ДПМНЕ да нема 61 пратеник за повеќе гласови да одат кај СДС и ДУИ. Апасиев се бори за помал пораз на СДС и ДУИ. Освен што Апасиев е во коалиција со СДС и ДУИ во општините и советот на Град Скопје, им помага и на криминалната владата на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, со напад кон ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев и Левица одат директно против македонскиот народ оставајќи простор за условување при формирање на идна влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.

Според нив, Апасиев е верниот слуга на владата на ДУИ и СДС.

Велат дека глуми патриот на батерии, а е во коалиција со СДС и ДУИ кои работата на штета на интересите на Македонија и македонскиот народ.

„Колку и да се обидува Апасиев да ги спасува Ковачевски и Ахмети и кримималната влада, граѓаните знаат дека тој е само обичен фолирант и не поминува веќе кај народот“, се истакнува во рекацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

На почеток