Јавното претпријатие „Македонија пат“ повторно потфрли. Од утрово во повеќе делови на земјава има обилни снежни врнежи, а возачите се жалат за состојбата на патиштата. Фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи, покажуваат дека патиштата во делот на превојот Стража повторно не се исчистени.
Од 7.35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ.
Поради обилни врнежи од снег од синоќа е воведена забрана за движење на камиони и на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, како и преку планинскиот превој Стража.
Забрана за камиони од утрово е воведена и на преминот Ѓавато.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 20-50м на Стража, од 50-100м на Маврово, од 100-150м на Плетвар, од 50-60м Делчево и кај Смојмирово видливоста е од 50 до 100м.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонијапат. Снег со слаб интензитет врне на Стража, Маврово, Струга- Ќафасан, Буково, Ѓавато, Пресека и Железнец.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.