Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат за претстојните претседателски избори што ќе се одржат во април. Претседателот на АА, Зијадин Села, вели дека е време Македонија да добие претседател Албанец.
„Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат и името ќе го објави откако ќе се договориме во партијата. Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата и така да пратиме порака за една нова Македонија ослободена од сите предрасуди. И така ќе бидеме едно општество за сите“, рече Села.
Тој додаде дека нема да се кандидира за претседателските избори. Според него, консензуален претседател mu одговара само на ДУИ.
Повеќе на Макфакс.