Македонија

Забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

Забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми во согласност со Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денеска, 17 јули 2023 година (понеделник).

dobivaj vesti na viber

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

На подрачјето на Водно, каде што нема забрана за движење, се предвидени редовни контролa, известуваат од Владата.

Макфакс

На почеток