Македонија

Мукоски, Василевски и другите независни добија поддршка од амбасадори

Амбасадорите на Германија, на Обединетото Кралство и на Кралството Холандија денеска имаа средба со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се истакнува во соопштението од пратениците, на средбата била искажана силната поддршка на дипломатите за заложбите на оваа пратеничка група да биде дел од реформските процеси преку законски решенија со учество во нивна подготовка.

На средбата, како што се вели во соопштението, била разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка. Од независната пратеничка група истакнуваат дека „гласно ќе се борат за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток