Македонија

Изгоре возилото на началникот на СВР-Штип

Изгоре возилото на началникот на СВР-Штип

Утринава на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

dobivaj vesti na viber

„На 17.07.2023 во 03:01 часот во СВР Штип било пријавено дека во 02.50 часот на паркинг на ул„Ванчо Китанов“ во Штип настанал пожар во патничко возило „Ауди А3“ сопственост на Б.Г.(49) од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Штип“, велат од СВР Штип.

Истрагата ќе открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот.

Макфакс

На почеток