Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е толку страшно што СДС викаат дека не знаеле, туку дека гласаат се што ДУИ ќе им сервира

ВМРО-ДПМНЕ: Не е толку страшно што СДС викаат дека не знаеле, туку дека гласаат се што ДУИ ќе им сервира

Не е толку страшно што викаат дека не знаеле, туку дека гласаат се што ДУИ ќе им сервира. Вистината е дека и знаеле, и морале да гласаат. А морале да гласаат затоа што зад Иловица стои Дестани, бизнисмен близок до ДУИ, регаираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во случајот со „Иловица“.

dobivaj vesti na viber

„СДС јавно признаа дека се измеќари на криминалната ДУИ. Власта работи само за својот ќар, а притоа лаже и манипулира. Претседателот Христијан Мицкоски, во 2012 година, немал никаква функција во владата, тоа е основен податок, кој може да се провери на Гугл“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Според нив, СДС и ДУИ се 7 години власт, и ако сакаа, како што велат, да ја укинат Концесијата, која патем тие ја дале во 2006 година тоа имале доволно време да го сторат, се друго за ВМРО-ДПМНЕ е лага.

Макфакс

На почеток